Оваа жешка убавица е најплатена манекенка за 2018 година


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Припадничката на семејниот клан Кардашијан/Џенер, заводливата Кендал Џенер е најплатена манекенка za 2018 godina според официјалната листа која ја објави списанието Forbes.

Со годишна заработка од 22,5 милиони долари, 23-годишната Кендал убедливо предничи со заработувачката пред конкурентките за престижната титула.

На втората позиција со заработени 13 милиони долари е манекенката Карли Крос.

На третото место на листата на најплатени манекенки на Forbes се Криси Тајген и Роуз Вајтли со по 11,5 милиони долари, по нив следуваат Кара Делевињ и долгогодишната лидерка на листата Жизел Бундхен со по 10 милиони долари. На седмата позиција е Џиџи Хадид со 9,5 милиони , еден милион помалку има нејзината сестра Бела.

Листата на топ десетте најплатени манекенки ја затвораат Џоан Смолс и Доцен Крос со заработка од по 8 милиони долари.