Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мештаните од една земја во југозападен Пацифик, ќе мораат да заборават на употребата на „Фејсбук“ на некое време. Папуа Нова Гвинеја планира да ја исклучи оваа социјална мрежа на еден месец, за да се искоренат лажните корисници и да види колку „Фејсбук“ влијае на животите на луѓето.
„Тоа време ќе овозможи да се соберат информации и идентификуваат и искоренат корисниците кои стојат зад лажните налози, кои вчитуваат порнографски фотографии и објавуваат лажни информации“, вели папуанскиот министер за комуникации, Сем Безил, додавајќи дека е загрижен поради скандалот од „Кембриџ аналитика“.
Тој истакна дека планира, во соработка со полицијата, да го примени законот за сајбер криминал усвоен пред две години, наведува Њузер. Безил укажал на тоа дека Папуа Нова Гвинеја би можела да најми локални технолошки стратези да направат домашна социјална мрежа како алтернатива за „Фејсбук“.
Имајќи ги предвид примерите од другите земји кои го бранеа „Фејсбук“ во минатото – Северна Кореа, Кина и Иран, не е јасно што Папуа Нова Гвинеја со оваа мерка сака да постигне.