Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден од најзначајните фудбалери на нашето време – Кристиано Роналдо вечерва против Борусија Дортмунд ќе го запише 400-от настап за Реал Мадрид во сите натпреварувања.
Од 29-ти август 2009 година до сега, во тие 399 натпревари, најдобриот фудбалер на светот постигна неверојатни 409 гола, што во просек значи 1.02 по натпревар.
Меѓутоа во клупската историја Роналдо е далеку од легендарниот Раул и неговите 741 натпревар, што изгледа апсолутно недостижно.
Португалецот вечер ќе излезе на „Сингл Идуна Парк“ за да ја надмине мини-кризата, бидејќи на претходните два меча не успеа да постигне гол, и покрај фактот што упати 18 удари кон противничкиот гол.