Оваа убавица е новата девојка на Леонардо ДиКаприо


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Холивудскиот заводник Леонардо ДиКаприо е познат по тоа што обожава доста помлади жени. Овој пат неговиот избор беше 23 години помладата Аргентинка Камила Мороне, која се занимава со манекенство и актерство.

Мороне кариерата ја започнала како манекенка и се појавила на насловната страница од Vogue. Таа е заштитно лице на брендот Urban Outfitters.

Во светот на глумата дебитираше во филмот на Џејмс Франко, „Bukowski“, а во филмот „Death Wish“ ќе ја гледаме рамо до рамо со Брус Вилис. Многу е атрактивна на Инстаграм, каде ја следат над еден милион луѓе.

Како што пренесуваат американските медиуми, таа и Лео се семејни пријатели со години. Леонардо ја знае уште од нејзините тинејџерски години, кога нејзината мајка Лусила Сола се забавуваше со Ал Пачино. Така и се зближиле.

Сомнежите дека се во врска се појавија откако актерот беше виден во средината на декември како излегува од нејзината куќа. Во јануари оваа година излегоа заедно од неговиот приватен авион, после враќањето од одморот во Аспен. Камила редовно објавуваше слики од скијалиштата.

Исто така, парот беше на забава по повод 60-от роденден на Елен ДеГенерис, во саботата вечерта, а Леонардо ја гушнал својата девојка на излегувањето од The Lot Studios.