Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Покрај другите нешта кои му биле од исклучителна важност, германскиот нацистички лидер Адолф Хитлер огромно внимание посветувал на својот изглед и на тоа каков впечаток остава во јавноста.
Поради така во текот на 1930-тите забранил голем број од своите фотографии, бидејќи сметал дека се “под неговото достоинство“.
Некои од тие фотографии сепак завршиле во јавноста и тоа благодарејќи на американскиот војник Алф Робинсон кој пронашол искината книга без корици. Се одлучил да ја додаде во својата колекција на нацистички реликвии. Тоа било книга на пропагандистичкиот нацистички фанзин наречен „ Deutschland Erwache”, што во превод значи „Германија се буди“, напишан 1930-тите.
Во книгата има неколку фотографии од Хитлер со деца и со коментари како:„Младите го сакаат, „Децата се обидуваат да му се доближат за да му подарат цвеќе“.
Авторот не бил така поетичен кога требало да се опише фотографијата на Хитлер во кратки панталони, па едноставно под неа напишал само: „Хитлер во кратки панталони“.