Home Актуелно Оваа среда носи променливо време

Оваа среда носи променливо време

Денеска во Македонија ќе имаме променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најавуваат метеоролозите.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 21, Маврово 14, Охрид 19, Крива Паланка 20, Берово 19, Битола 20, Кавадарции и Дојран 23 Целзиусови степени.

Прогнозата за утре е променливо облачно, во попладневните часови ќе има нестабилн аоблачност, која ќе биде проследена со пороен дожд и грмежи.

Дневните температури – Скопје 19, Маврово 15, Охрид 20, Битола 19, Крива Паланка 22, Берово 17, Кавадарци 21, Дојран 22.

И во наредните денови се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…