Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Снимката од говорот на Тито во 1975 година, која првин била забранета, а потоа и заборавена, повторно го привлекува вниманието на јавноста и тоа не само поради содржината на неговиот говор, туку и поради немирните пудли кои не престануваат да лаат додека тој говори.
За време на целото обраќање на Тито кон јавноста, кучињата не престануваат да лаат, а тој ги смирува, додека во еден момент целосно не го загуби трпението.
„Море марш!“, свикува маршалот и ја збрка една од пудлите која му се најде во близина.
Меѓутоа, како што пренесува „Дневни Аваз“, тоа не е единствената причина поради која Тито ја забранил снимката. Друга причина е изјавата за Италија, која „не била за објавување“.
Имено, Тито на своите сонародници им толкувал како Словенците во Италија имаат помали права од Италијанците во Словенија и Истра, велејќи дека за тоа е виновна неспособната италијанска влада, а некој од присутните рекол дека тоа не би требало да се објави.
„Тоа за Италија, бришете го од лентата“, вели Тито на крајот од снимката, а кучињата не престанаа да лаат до самиот крај на неговиот говор.