Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Смртта на 28-годишниот шведски диџеј Авичи и натаму е една од топ темите на сите светски медиуми. Надлежните органи не ги пренесоа до јавноста податоците за точната причина за смртта на славниот музичар, а секој ден во јавност протекуваат нови информации и детали за ужасниот живот кој Авичи го водел за време на турнеите кои траеле и по цела година.
Најновата снимка која се појави го дава Авичи во една австралиска болница. Поради болниот црн дроб, на музичарот му се слошило среде турнеја, па во болницата го „наклукале“ со лекови против болки од кои одвај стоел на нозе.
Не смеел ниту да јаде, ниту да пие нешто додека не се смират отоците на црниот дроб, па неколку дена бил само на лекарства. Без оглед на својата катастрофална здравствена состојба, уште следниот ден се вратил на закажаните термини во рамки на турнејата.