Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Две пријателки направиле заедничка селфи фотографија и ја објавиле на Фејсбук, а неколку сати покасно една од нив е пронајдена мртва. На неа стоел ремен кој го носела другата девојка.
Со црн ремен околу струкот, Шин Рос Антоин насмеана направила селфи со пријателката Бритни Гаргол во својата кујна во Канада. Девојките делуваат како да се добро расположени, но само неколку часа покасно 18 годишната Бритни е пронајдена мртва. До нејзиното тело е оставен ист ремен како што го носела Шин.
Ременот се покажал како клучен доказ во текот на судењето, бидејќи се докажува дека Антоин ја убила другарката. Полицијата изјавува дека фотографијата е од клучен карактер за истрагата.
Таа ноќ Антоин пијала алкохол и консумирала дрога. Бритни е пронајдена мртва рано утрото. Телото и било ладно и била без чевли. Обдукцијата покажува дека е задавена.
Антоин истиот ден ги користела социјалните мрежи со цел да го прикрија убиството, па така и праќала пораки во стилот каде си и зошто не ми се јавуваш ..