Оваа секс сцена од „Девојки“ е главна тема на социјалните мрежи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Успешната HBO серија „Девојки“ е позната по експлицитните секс сцени какви ретко се гледаат на ТВ екраните, а токму една таква беше прикажана во последната епизода од мегапопуларната серија.

Една од главните актерки, Марни Мајклс, во секс сцена со дечкото Реј во кујната, рамнотежа одржува држејќи се за лавабото. После сексот, Реј и шепнува нешто најчудно што може маж да го каже на жена после секс: „Сакам да умрам во лавовски челусти заедно со тебе, така засекогаш можеме да сме заедно, дури и во моментите на сопствената смрт. Твојата смрт и мојата смрт, зарем не?“

Твитерџиите веднаш се огласија со свои реакции за бизарната сцена. „Никогаш во животот на ТВ не сум гледала нешто понеудобно“, „Секогаш кога се сексаат во кујната, размислувам колку не е хигиенски тоа“, се само некои од коментарите.

Ова не е прв пат ликот на Марни да ужива во чудни секс пози во кујната – гледачите добро ја паметат „аналната“ сцена од четвртата сезона.

8469351ft