Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Возачите на автобуси во Лондон се лица кои се изложени на најголем ризик од смрт од последиците на зараза со коронавирус. Тоа го вели статистиката, чии бројки покажуваат дека починале три пати повеќе возачи од нациналниот просек за другите професии.
Најмалку 51 возач на автобус во Лондон починал од почетокот на пандемијата откако се заразил со коронавирус, според податоците на градската компанија „Transport for London“. Истражувањето спроведено од „UCL“ потврдило дека затворањето спасило животи. Извештајот потврдил дека возењето автобус во Лондон е една од најопасните професии во време на пандемија.
Истажувањето се фокусирало на првиот бран од пандемијата, од марто до мај 2020 година, кога од Ковид-19 починале 29 возачи на автобус. Утврдено е дека тие имаат 2,97 пати повече шанси да починат од коронавист од мажите на слична возраст со друга професија во Англија и Велс. Истражувањето покажало дека 80 отсто од тие возачи престанале да работат до 3 април, што значи дека се заразиле пред затворањето.
Професорот Сер Мајкл Мармот, кој го водел истражувањето, рекоол: Очигледно е дака порано затворање би спасило животи“.
Карантин е прогласен на 23 март 2020 година.
А од 15 јуни е задолжително носење маски во јавен превоз во Англија. Вовердени се и додатни мерки за спречување на ширењето на заразата во автобуси, вклучувајќи и изолирање на возачката кабина и намалување на бројот на патници, почесто чистење и дезинфекција на рацете.