Оваа „муцка“ моментално е најомразена на социјалните мрежи (видео)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Пред неколку дена на социјалните мрежи почна масовно да се споделува видео, кое го објави „The Scene“ под наслов „Why They Cheated: Two Exes Confront Each Other About Infidelity“.

Тоа што следи може да се нарече седум минути чист емотивен терор, со кој се соочува една девојка за која се верува дека се вика Кортни, а која во видеото се обрати до нејзиното лажливо поранешно момче, за да дознае зошто ја изневерувал.

Кортни во една прилика го затекнала и со друга жена во кревет, по што тој ја замолил да оди во друга соба, а призна и дека не зна е колку пати ја измамил, бидејќи „едноставно не броел“.

И покрај неговиот безкрупулозен настап, а понекогаш дури и украдена насмевка, девојката е многу вознемирена, но тивка, и на крајот дури објасни дека ништо не му забележува, затоа што го смета за најдобар пријател.

Независно дали видеово е со режија во позадина, или е сурва реалност на соочувањето, на интернет не требаше долго време за да почне да се реагира на емотивното видео и логично, сите застанаа на страната на таинствената убавица, а однесувањето на ваквиот „мажјак“ не наиде на одобрување. Еден од најдобрите коментари на Твитер гласи вака: „Сега тој никогаш нема да најде девојка, затоа што цел свет знае дека е лажливец“.

За тоа време, Куртни се огласи на Твитер за да се заблагодари на поддршката и на сите им образложи дека сега е во искрена врска и среќна како никогаш порано.