Оваа машина е најсигурен автомобил на светот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според резултатите од анализите и истражувањата на германски TÜV од техничките прегледи со цел откривање на дефекти и аномалии, Porsche 911 е убедливо најсигурниот модел на автомобил во светски рамки.

Германската компанија TÜV е позната по своите ригорозни проверки на квалитетот на автомобилите, а минатата година направи технички прегледи на околу 9 милиони возила. Беа прегледувани и тестирани кочниците, каросеријата, управувачкиот систем, издувниот систем, светлата, прозорите, педалите, седиштата, безбедносните појаси и различни електрични и електронски системи за безбедност. После тоа, сите овие податоци беа детално обработени.

Освен што во категоријата за сигурност автомобилите биле одредени по сегменти, тие се одредени и по старост: од 2 до 3 години, 4 до 5 години, 6 до 7 години, 8 до 9 години и 10 до 11 години.

После обработката на податоците од сите извршени технички прегледи, TÜV дојде до изненадувачки заклучок: Porsche 911 е најсигурниот автомобил на светот според нивните анализи.

Овој легендарен модел на спортски автомобил имал најмалку грешки при техничките прегледи на сите генерации од моделот во изминатите 11 години. И покрај спортските перформанси, се смета дека 911 е посигурен и потраен автомобил од било кој друг автомобилски модел. Моментално не е познато кои автомобили се најдоа веднаш зад него на оваа листа од TÜV, но веруваме дека наскоро ќе ги дознаеме и тие податоци.