Живот

Оваа лоша навика за вас е полоша и од пушењето, дијабетесот и срцевите болести

Досега се сметаше и се веруваше дека вежбањето и физичките активности влијаат на здравјето и долговечноста, но најновите истражувања од здравствената област покажаа дека истите се далеку поважни и витално повлијателни од тоа.

Студијата на доктор Ваел Џабер покажа дека седечкиот начин на живот и претераното време поминато во седење и пасивна положба влијае на луѓето и нивното здравје полошо и од пушењето, дијабетесот или срцевите заболувања.

„Слабата телесна и физичка форма, односно лошите резултати на траката за трчање или тестовите поврзани со вежбањето, носат многу полоши прогнози кога станува збор за смртноста од хипертенција, дијабетес или пушење“; вели Џабер за CNN.

„Таа состојба може да се перцепира и третира како болест која има свој лек – вежбањето“, вели Џабер. Истражувањето е извршено на 122.007 пациенти кои биле подложени на тестови на трака за трчање, а траеше од 1991 година, па сè до 2014 година.

„Кардиоваскуларните болести и дијабетесот се најскапите болести во САД. Повеќе од 200 милиони долари годишно се трошат на лечење од овие болести и нивните последици. Наместо да плаќаме толкави суми, треба да ги поттикнуваме луѓето да вежбаат“, вели тој и додава дека уште еден важен резултат од истражувањето е поврзаноста на фитнесот со долговечноста.

Иако експертите долго време стравуваа дека оние кои премногу вежбаат се изложени на поголем ризик од смрт, се покажа дека тоа не е точно. „Не постои ниво на вежбање кое вас ве изложува на поголем ризик од смрт. Дури и оние кои многу вежбаат имаат помала стапка на морталитет“, заклучува истражувањето.

Вежбањето се покажало како благородна активност за сите генерациски групи, подеднакво и кај мажи и кај жени.

Advertisements
To Top