Оваа книга ја надмина популарноста на „50 нијанси сиво“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Книгата од Мишел Обама, „Becoming“, на пазарот е пуштена во продажба само два месеци, а веќе влезе во најчитаните наслови на деценијата, пренесува CNN. Веќе 47 дена по ред е на првото место по продажба на Amazon, со што го сруши рекордот кој досега го држеше „50 Shades of Grey“.

Како што пренесуваат американските медиуми, книгата во првата недела од пуштањето во продажба беше продадена во рекордни 1,4 милиони примероци. Издавачката куќа Penguin Random House наводно платила неверојатни 65 милиони долари за авторските права за мемоарите од Мишел.

Книгата досега е преведена на 23 светски јазици, а освен во САД, стана книга број 1 во Финска, Норвешка, Данска, Германија, Португалија, Англија и Сингапур.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carrie | Boston Book Fanatic (@bostonbookfanatic) on

Во книгата Мишел Обама го опишува својот живот во Белата куќа, а се потсеќа и на детството во Чикаго. Го споменува и расизмот меѓу познатите личности, но и необични ситуаци во кои се нашла како Прва дама на САД. Во промоција на книгата најмногу помош имаше од Опра Винфри, а Мишел најави дека и нејзиниот сопруг, Барак Обама, подготвува свои мемоари.