Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За вкусовите не се расправа, тоа човештвото одамна се договорило, но кога станува збор за привлечните особини, кај двата пола важи истото правило – иако се вели дека мажите и жените „се од различни планети“.
Често се потврдува правилото дека добар дел од жените сакаат и сонуваат за „лоши момци“, бунтовници без причина, или со еден збор, фраери. Исто така, се смета дека мажите, од друга страна, повеќе сакаат пристојни, мирни и традиционални жени кои ги почитуваат правилата (ова не е наш став, да си потенцираме, туку генерално мнение).
Последните истражувања на оваа тема ја потврдуваат првата, но ја побиваат втората претпоставка. Имено, се покажа дека и двата пола, всушност, посакуваат и преферираат немирни партнери кои „ги кршат правилата“. Жените кои биле дел од истражувањето мислеле дека мажите преферираат мајчински типови на жени, но вистината испадна сосема поинаква.
Истражувачите собрале 115 испитаници, кои барале да ги оценат луѓето на понудените фотографии од перспектива на привлечност. Повеќето од нив, независно од полот, ги преферирале оние со изразена индивидуалност.
„Интересно е дека многу од нив фантазираа за нивните бивши партнери, од кои своевремено се разделиле токму поради нивниот немирен дух и непостојан карактер“, откриваат авторите на студијата за Psy Blog.
Претпоставката дека мажите сакаат стереотипни жени е останата од времето кога половата општествено-социјална разлика била повоочлива и поизразена. Жените требало да бидат пристојни, понизни и скромни. За среќа, тие денови се далеку зад нас.