Home Живот и здравје Оваа грешка често ја правиме за време на летните горештини, а таа е лоша по нашето здравје?!

Оваа грешка често ја правиме за време на летните горештини, а таа е лоша по нашето здравје?!

Обидувајќи се на брзина да се разладат, луѓето секојдневно прават голема грешка. Така, наместо на нивното тело да им биде пријатно, неретко е уште полошо.

Голема грешка е во текот на летните горештини да се пијат ладни сокови и вода полни со мраз, бидејќи на ладната течност и е потребно повеќе време да се „рашири“ низ организмот и да го хидрира.

Затоа е идеално во текот на летото да се пие вода на собна температура, бидејќи така од неа најбрзо ќе имате корист. Водата секако е подобар избор од соковите.

Исто така, иако тоа можеби е тешко да се замисли, добро е да се испие топол час и тоа кога надвор воздухот е сув, а не влажен.

Чајот ќе поттикне пот, а со тоа и разладување на телото. Имајте на ум дека со потењето се губи течност која секако е потребно да се надокнади.

Лекарите истакнуваат дека треба да се избегнува алкохолот, бидејќи тој дополнително го дехидрира организмот, како и би било добро да се намали внесувањето на кафе.

Каде и да бидете, секогаш крај себе имајте шише со вода, и од време на време напијте се неколку голтки. Ако тоа го практикувате секојдневно, вашиот организам ќе има доволно течност па лесно ќе ја поднесувате жештината.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

6 здрави намирници што можат да станат нездрави ако се консумираат премногу

Може да изгледа дека здравите намирници никогаш не можат да имаат штетно влијание врз наши…