Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Првиот човек во ресорот економија, министерот Крешник Бектеши, најави дека аплицирањето за туристичките ваучери од 250 евра во рамки на петтиот сет на економски мерки ќе започне на почетокот од второто тромесечие од годинава.
– Ваучерите ќе бидат со поголема вредност – од 100 се зголемуваат на 250 евра, а на почетокот од вториот квартал граѓаните ќе ја имаат можноста да аплицираат, рече Бектеши во емисијата „Топ тема“ на Телма.
Од претходно е веќе познато дека ќе ги добијат семејствата со месечни приходи не поголеми од 30.000 денари, а фондот ќе биде ограничен и ќе се доделуваат по принципот „Прв дојден, прв услужен“.
Бектеши уште еднаш повтори дека ќе се отпишуваат каматите од долговите кон јавните претпријатија на национално и локално ниво за граѓаните, а меѓудругото фирмите ќе бидат стимулирани со неколку нови повластувања преку законски измени.
– Ќе се направат законски измени за поддршка за оние кои ќе инвестираат во корона-кризата, а ќе се промени и Законот за царина за извозно ориентираните компании, наведе министерот.
Тој додаде дека денеска и во понеделник Владата ќе ги одржи преостанатите состаноци со коморите и синдикатите и другата недела премиерот Зоран Заев ќе ги соопшти мерките од петтиот пакет.