Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првиот човек на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, ректорот Никола Јанкуловски, вели дека вонредната ситуација наметната од пандемијата на корона вирусот нужно ќе резултира и со одредени промени во образовниот систем.
Во интервју за радио Слободна Европа, ректорот Јанкукловски појасни дека поради фактот дека оваа учебна година нема да се полага ниту државна, ниту училишна матура, ниту пак завршен испит, средношколците кои сега завршуваат и планираат да студираат на некои од факултетите ќе се запишуваат врз основа на постигнатиот успех.
-Со оглед на оваа ситуација, ќе се доделуваат сведетелствата, односно дипломите на средношколците без матурите што ги споменав. Повеќето матуранти одат со упис на факултетот врз база на успехот, без приемни испити. Постојат и исклучоци, како што се факултетите за уметностите, таму од практичен аспект има приемни испити, колку идните студенти ќе може да се справуваат со нивната идна професија. Но, за ова се разговара, се анализира ситуацијата. Дури има и некои предлози од деканите да се одржат приемните испити на отворено. Мислам дека тоа некако ќе го решиме, истакнува ректорот Јанкуловски.
-Сметам дека недостатокот на одредени кадри, на пример епидемиолозите се должи на тоа што таа специјализација ја сметаат за помалку атрактивна. Повеќето се одлучуваат за изборот за хируршките гранки и интернистичките гранки, додека за групата на, како што реков, институтски специјализации постои помал интерес. Можеби тука треба да се делува во самите болници, односно здравствените установи. Првите луѓе на здравствените установи треба некако да делуваат во смисла специјализациите што ќе ги добиваат нивните вработени да бидат канализирани и во согласност со програмата на Минситрерството за здравство, а не по личните убедувања на поединците. Мислам дека ако се направи добра соработка меѓу Министерството за здравство и здравствените центри во земјава ќе се направи добра стратегија.
Што се однесува пак до актуелната состојба со предавањата кои мора да се одржуваат он-лајн, како и со претстојните испити, конкретно јунската испитна сесија, ректорот појаснува дека Универзитетот е во постојана комуникација и се соработува со студентите за да се дојде до позитивен исход. Вели дека планираат да направат извесни промени, односно дадат двојна сесија во јуни или пак во септември, но се ќе зависи од владините мерки и од текот на епидемијата во нашава земја.