Оваа година нема доделување на наградата „23 Октомври“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Владата на денешната седница го усвоила предлогот на Министерството за култура оваа година да не биде доделена државната награда „23 Октомври“.

Министерството и го предложило тоа на Владата врз основа на информацијата дека на комисијата за доделување на оваа награда мандатот завршил во февруари оваа година, а претходната Влада не покренала постапка за формирање нова.

„Поради оваа ситуација биле пробиени и сите други рокови за пријавување кандидати за оваа награда“, информира владината прес служба.