Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Откако беше објавено дека вчера (четврток), во утринските часови, во близина на селото Петњик се појавила змија на снежна покривка и ги изненадила мештаните од тоа село, Црногорците беа избезумени од лошата „прогноза“ која ја носи оваа појава.
Но, испадна дека самата фотка води потекло прилично далеку од Црна Гора. Несовесна читателка на поратлот Radio Berane, проследила фотографија со змија која ползи на снег, а е направена во Соединетите Американски Држави.
Фотката веднаш беше експресно споделувана на социјалните мрежи, а некои од жителите на Беране и околината, кои се склони кон суеверие и народни верувања, тврдејќи дека слична појава досега не е запамтена во нивниот крај, сметаат дека тоа е одреден знак и претскажување.
Некои, пак, беа малку разочарани што оваа ретка појава, сепак, не се случила во нивниот крај.