Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Базирано на факторот „споменувања“ (mentions) на најпознатата фото социјална платформа Инстаграм, британската престолнина Лондон е прогласен за светски град на суперавтомобили.
Според истражувањето објавено на страницата „Activity Superstore“ во изминатите три години 148 милиони фотографии на суперавтомобили се споделени на Инстаграм. Од таа бројка околу 6,1 милион фотографии потекнуваат од британската метропола. Следуваат Москва со 5,9 и Лос Анџелес со 4 милиони фотографии на суперавтомобили. Во првите десет се и Њујорк, Дубаи, Париз и Истанбул.
Дури на осмата позиција не градот синоним за луксузни автомобили Монако, градот во кој е седиштето на „Porsche“, Штутгарт е деветти а најголемиот канадски град Торонто е на десеттото место.
Покрај градови истражувањето опфаќало и кои се најпопуларните производители на луксузни автомобили.
На ова листа бројот еден е резервиран за „Ferrari“ со 53 милиони постови, следи „Lamborghini“ со 48,1 мил. а трет е „Porsche“ со 43,1 милион постови.
Со споредба на анализите е откриено дека во Лондон најчесто се гледаат автомобили Aston Martin, Bugatti, Ferrari, Lamborghini и Pagani, а во Москва Bentley и Porsche автомобили.