Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во интеракција со над 60.000 читатели кои гласаа, списанието Classic Rock ја прогласи песната I Believe In A Thing Called Love од Darkness за најдобра рок песна на 21 век.
На второто место се најде песната Rock N Roll Train од AC / DC, а на третото место е Blackbird After Bridge. Следуваат Best of You Foo Fighters, Seven Nation Army The White Stripes, Caravan Rush, Slither Velvet Revolver, Cochise Audioslave, Blood Brothers Iron Maiden i No One Knows на бендот Queens of the Stone Age. Darkness ги објави резултатите од анкетата на својот профил на Твитер и им се заблагодари на сите што гласале.
Come, rejoice with us at the news of this most esteemed accolade bestowed upon us by @ClassicRockMag!
The new issue celebrates the #100GreatestSongsOfTheCentury & it seems the people have crowned IBIATCL their No.1 tune!
Thanks to all who voted – a great honour indeed 🎶💫💜 pic.twitter.com/GHtAApoE2J— The Darkness (@thedarkness) June 21, 2020
Песната е снимена во 2001 година, а не го достигна врвот на топ листите до 2003 година.
Интересно е што оваа песна пејачот Џастин Хокинс ја снимил гол.
“Бев гол во студиото. Сакав да видам дали тоа ќе помогне, затоа што се борев со вокалот, а подоцна го сторив тоа за да му биде на Ед Греам (тапанарот) непријатно. Подоцна стана традиција. Можеби само се правев важен, но тоа е дел од мојата работа “.