Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Угледното музичко списание Rolling Stone за прв пат по 17 години ја освежи својата листа со топ 500 најдобри песни на сите времиња.
Оригиналната листа била објавена во 2004 година, и оттогаш многу се смениле, некои нови уметници созреаа, а некои нови музички изрази го најдоа својот пат до листата.
Во изборот на најдобрите песни учествувале повеќе од 250 уметници, музичари, продуценти, критичари и новинари, а листата вклучува дури 254 нови песни.
На прво место е легендарната песна Respect изведена од Арета Френклин од 1967. Песната првично ја снимил Отис Рединг, но токму во изведба на Арета ја доживеа најголемата популарност.
Второто место и припадна на песната Fight the Power (1989) изведена од Public Enemy, а на третото е A Change Is Gonna Come (1964) од Сем Кук.
Потоа следува Like a Rolling Stone од Боб Дилан (1965), потоа Нирвана со Smells Like Teen Spirit (1991).
Марвин Геј заврши на шестото место со песната What Going On (1971), потоа Strawberry Fields Forever (1967) од легендарните Битлси на седмо место, Get Ur Freek On (2001) Миси Елиот на осмо, Dreams (1977) Fleetwood Mac, а топ 10 завршува со песната Hey Ya! (2003) изведена од Outcast.