Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Огромната пукнатина која беше откриена на Антарктикот, со зафатнина речиси колку њујоршки Менхетен, предизвика сериозна загриженост кај научниците.
Пукнатината во глечерот се шири со голема брзина. Длабока е речиси 300 метри и се наоѓа на западниот дел од Антарктикот, соопштено е од лабораторијата на НАСА.
Вкупната големина на овој глечер, според проценката на научниците е со големина на Флорида.
Но, неговата површина , како резултат на климатските промени се намалува, а појавата на внатрешни пукнатини со толкави размери е дополнителен доказ за топење на мразот на Јужниот Пол.
Доколку се стопи овој глечер може да предизвика зголемување на нивото на океаните за 65 сантиметри.