Оваа држава прва воведува целосно бесплатен јавен превоз


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Додека ние уште се бараме со најдобриот можен модел за јавен превоз и експериментираме (доста лошо) со начинот на плаќање за користење на истиот (особено во главниот град), некаде во светот нештата стојат многу поинаку.

Естонија ќе биде првата земја во светот со бесплатен јавен превоз за сите граѓани што поседуваат уредно пријавено престојувалиште.

Предлогот произлегува откако успешно беше спроведен пилот-проектот за бесплатен јавен превоз за сите жители во градот Талин. За тој проект граѓаните се изјаснија на референдум, а градот ги покриваше сите трошоци за превоз со автобуси, трамваи и возови. Граѓаните го остварувале тоа право со купување зелена картичка во вредност од две евра, а со неа можеле неограничено да ги користат сите возила од јавниот превоз.

Со овој проект Талин остварил многукратна заработка, односно, како што истакнува Алан Алакула, шеф на тамошната канцеларија на ЕУ, градот заработил двократно повеќе отколку што изгубил од наплатата на јавниот превоз, но профитирал и на други начини. Според Алакула, граѓаните што дотогаш не го имале уредно пријавено своето престојувалиште, веднаш го направиле тоа, а градската каса се наполнила како никогаш претходно.

„Од оваа одлука најмногу профитирале луѓето со пониски примања, но бесплатниот јавен превоз дополнително ја мотивирал и мобилноста на побогатите. Едноставно, сите почнале повеќе да излегуваат во градот, во ресторани, кафулиња, кина и театри, па и да трошат повеќе во локалните продавници, така што сите добија од тоа. Целиот проект на градот му даде нов ветар во грбот, покренувајќи ги локалните бизниси“, изјави тој за „Попапсити“.

Со овој проект Талин го реши и големиот проблем со сообраќајните метежи. По воведувањето бесплатен јавен превоз, во градот драматично се зголемила цената за паркинг-услуги, така што се намалил бројот на автомобили во сообраќајот. Меѓутоа, Алакула не смета дека сообраќајните метежи се решиле само поради високата цена на паркингот.

„Луѓето нема да престанат да ги користат своите автомобили ако немаат подобра алтернатива. А ние дојдовме до заклучок дека луѓето не се жалат на високите цени за паркинг затоа што им овозможивме друга квалитетна опција“, рече тој.