Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Европскиот континент ја доживеа втората најтопла зима од почетокот на мерењата во 1979 година, објави службата на Европската Унија за следење на климата, додека сушни услови повисоки од просекот се забележани во големи делови од западна и југоисточна Европа, како и во руски региони.
Многу повисоки температури од просекот се измерени во источна Европа и делови од североисточна Европа, објави Службата за климатски промени Коперникус.
Температурите биле под просекот на Пиринејскиот Полуостров.
Според извештајот најтопла зима од почетокот на мерењата била 2019/2020 година.
Глобално годинешниот февруари бил најтопол од кога постојат мерењата, според Коперникус.
„Поголемиот дел од Европа имал натпросечни температури на воздухот, особено северна Норвешка и Шведска, како и (норвешкиот регион) Свалбард“, додаде службата на ЕУ.
Свалбард е архипелаг меѓу норвешкото копно и Северниот пол.