Оваа актерка требало да ја игра улогата од Шерон Стоун во култниот „Basic Instinct“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Веројатно нема човек на планетава кој има пристап до телевизор и било каков начин на можност за гледање филм, кој го нема гледано култниот „Basic Instinct“, кој во тоа време неодоливата, сексапилна и заводлива Шерон Стоун ја вивна во небесната сфера на филмската слава и актерската популарност.

А кој го гледал „Basic Instinct“, веројатно до крајот на животот ќе ја памети познатата сцената во која Шерон Стоун ги „полудува“ мажите кои ја испитуваат. Сите паметат и дека во таа сцена не носела долна облека.

После 25 години од премиерата на остварувањето на Пол Верховен, една друга актерка открива дека токму таа првично добила понуда да ја игра улогата која Шерон Стоун ја направи мегапопуларна, но одбила да ја толкува главната улога во „Basic Instinct“. Името на актерката е Мишел Фајфер.

Не само што одбила да глуми во овој филм, туку и во филмовите „Pretty Woman“ и „Thelma and Louise“.

„Точно, ги одбив тие улоги, но постојат бројни причини за тоа – не е само затоа што не сакаш да снимаш некој филм, некогаш постои конфликт, кога веќе си се обврзал да снимаш некое друго остварување“ – изјавила Мишел за магазинот „Today”.

Нејзината последна улога беше во римејкот на филмот „Ориент Експрес“.