Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
E-Class на Mercedes важи за една од најпосакуваните деловни лимузини, додека верзијата AMG го додава епитетот на брутален спортски автомобил. Од друга страна, Брабус е приказна за себе.
Во Брабус ја земаат верзијата E63 како основа, која сега се нарекува 800. Претпоставувате, 4.0 V8 твинтурбо дава 800 КС при 6600 вртежи во минута, што е за 188 КС повеќе од оригиналот. Вртежниот момент исто така е зголемен, за 150 Nm, па сега тој е околу 1000 Nm при 3600 вртежи во минута.
Драстичен скок во перформансите на моторот е постигнат со инсталирање на нови турбини со ремапирање на ECU, и инсталирање на нови вентили за издувни гасови. Иако грми како да стигнал од пеколот, тој исто така има „тивок“ режим.
Опремен со погон од 4Matic и деветстепен автоматски менувач, овој автомобил фаќа 100 км на час за само 3 секунди, додека максимумот е ограничен на 300 км на час. Монтиран на нови 21-инчни тркала, со многу украси однадвор и однатре, и спуштена суспензија, овој Мерцедес е сериозен конкурент на многу спортисти, истовремено нудејќи и задни седишта.
Во Брабус не ја објавиле цената, но велат дека се подготвени да ги задоволат сите желби на клиентите, од испорака на готовиот автомобил до делумно подесување.