Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Една уметничка слика – толку му беше потребно на француски сликар Клод Моне (1840-1926) за да успее да ја промени дотогашната перцепција за сликарската уметност и да започне нов правец во сликарството.
За време на едно од своите патувања во Лондон во 1871 година, се фасцинирал од делата и стилот на Вилијам Тарнер. Од тогаш почнал да се бави со сликање на одсјај на светлоста на вода, што во голема мера го променило сфаќањето на сликарската уметност во тоа време.
Во 1872-та година насликал еден пејсаж од француското пристаниште Авр, а сликата ја нарекол „Импресија, раѓање на Сонцето“. Неговото дело добило многу негативни критики, а сатиричарот Луј Лезој, кој го употребил зборот „импресија“ за да го измејува стилот на сликање на Моне, а во тоа време не бил ниту свесен дека му го доделил името на сосема нов правец во сликарството – импресионизмот.
Моне го раздвижил традиционалниот начин на сликање. Неговата замисла не била да го отслика што поверодостојно она што го гледа, туку да „улови“ еден момент на светлост и предметите кои таа ги осветлува. Сликата „Импресија, раѓање на Сонцето“ се чува во парискиот музеј Мармотан, а Моне ја стекнал светската слава со сликите „Купчиња сено“, „Руанска катедрала“, „Алејата на тополи“ и други генијални ремек дела на импресионизмот.