Ова тромеѓе е вистинска „зона на смртта“ – ваму не ве фаќа закон дури ни за убиство


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Една територија која се наоѓа на тромеѓето помеѓу три американски сојузни држав – Вајоминг, Ајдахо и Монтана, е позната како „зона на смртта“ поради една политичка причина.

Ова тромеѓе е дел од светски познатиот национален парк Јелоустоун и во еден дел од него буквално не ве фаќа никаков американски закон, независно каков криминал и да сторите, па дури и оној најтешкиот – убиство.

Тоа го тврди и објаснува во својот труд „Совршено злостроство“ професорот Брајан Калт од Државниот Универзитет на Мичиген.

Во овој есеј проф. Калт објаснува дека иако голем дел од паркот му припаѓа на Вајоминг, мали делови се наоѓаат и во Монтана и Ајдахо. Меѓутоа, ставот на Конгресот е дека цел парк е под Вајоминг, што се чини разумно, но токму поради тоа се јавуваат проблеми.

Доколку во тоа мало подрачје од Јелоустоун кое се наоѓа во Ајдахо, се случи злосторство, не може да се поведе судски процес. Според Шестиот амандман, обвинетиот има право на судење со порота од државата во која го направил злосторството, а тоа не може така лесно да се разреши.

Парадоксот е во тоа што формално, Јелоустоун му припаѓа на Вајоминг, а „Зона на смртта“ – која исто така формално е дел од Јелоустоун, е вон таа сојузна држава.