Ова српско секси „бонбонче“ е меѓу 100-те најубави жени на светот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Веќе 28 години критичарите собрани во The Independent Critics, односно TC Candler, кој на социјалните мрежи го следат половина милион луѓе, составуваат листа на сто најубави жени на светот. На крајот од оваа 2017 која е на три дена од целосно заминување, направија листа на најубавите од најубавите во светот на музиката, филмот и модата.

A post shared by MARIJA (@marijazezelj) on

Она поради кое оваа листа е посебно интересна и за нас, Балканците (во најпозитивен контекст на терминот), е фактот дека на 80-то место од оваа листа се најде моментално најпопуларната тинејџерка на овие простори, Марија Жежељ. Чисто за информација, зад неа на списокот останаа Кара Делевињ (стота), Моника Белучи (98-ма), Алексис Рен, Кели Гејл, Кеира Најтли и Шеј Мичел.

Иако Марија има само 17 години, минатото лето го издаде својот прв музички сингл „Dance Like Nobody’sWatching“, чиј спот е еден од најгледаните на Балканот. Пред еден месец објави и нова песна, „Louder Than A Drum“.

На Инстаграм ја следат половина милион обожаватели, додека на YouTube има над 130.000 претплатници. Своевремено нејзина фотографија сподели и Кајли Џенер.

A post shared by MARIJA (@marijazezelj) on

Од познатите дами, Кејт Бекинсејл е на 70-то место, унгарската секс бомба Барбара Палвин на 63-то, Лили Колинс е 58, Селена Гомез 56, Марго Роби 33, а Емили Кларк 27-ма.

Во топ 20 влегоа Тејлор Хил, Лупита Нјонг’о, Џени Ким, Јаел Шелба, Октиабрина Максимова, Лиса, Ема Вотсон, Одрејна Мишел, Бела Хиткот, Антониа Јакобеску, Камила Беле, Голшифтех Фарахани, Ју Јунгји, Аделаид Кејн, Џоурдан Дан, Нана, Сара Годон, Цују и „најубавото девојче“ Тилејн Блондо, додека првото место го зазеде актерката, пејачка и манекенка Лиза Соберано.