Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Американската компанија Јубиквити произведе нова камера скриена во кругол приврзок за ѓердан. Камерата „Фронт-Роу“ има големина на паметен часовник, а со помош на апликација е поврзана со мобилен телефон.
Круглиот екран е прилагоден и чувствителен на допир, а импресивната батерија овозможува пренос во живо, на пример, на долги спортски настани.
Камерата поддржува видеостриминг на Твитер, Фејсбук и на Јутјуб, а освен тоа поддржува и сервиси како што се Дропбокс, Спотифај и други за зачувување на датотеки и репродуцирање на музика.
Уредот има за цел да ни биде од полза и да ни ги упрости секојдневните работи, но колку тој ќе биде револуционерна направа која ќе сакаат да ја имаат, останува да се види.