Home Љубов и секс Ова се вистинските прашања што треба да ги поставите на првите состаноци

Ова се вистинските прашања што треба да ги поставите на првите состаноци

Заборавете на „Со што се занимаваш?“ и „Каде порасна?“ – време е за подлабоки разговори

Првите состаноци се – ако бидеме искрени – вистински емоционален ролеркостер. Малку стрес, малку возбуда, малку неизвесност. Што да се каже? Што е подобро да се премолчи? Постои ли хемија или само желба вечерата побрзо да заврши?

Во обид да оставиме добар впечаток, многу често влегуваме во шаблонски разговори кои повеќе наликуваат на здодевно интервју отколку на возбудливо запознавање. „Каде работиш?“ „Што заврши?“

Ако сакаш разговорот да тргне во поинтересна насока и да открие дали има нешто подлабоко помеѓу вас, време е да го поставиш вистинското прашање. Еве неколку примери што можеш да ги имаш на ум.

1. ЗАПОЧНЕТЕ ЛАГАНО, СО ОПУШТЕНИ ТЕМИ

Пред да навлезете под површината, важно е да се создаде пријатна и пријателска атмосфера. Овие прашања се едноставни, но откриваат многу за интересите, животната енергија и смислата за хумор на другата личност:

– Каква музика сакаш и на кој концерт последен пат беше?
– Кога патуваш, повеќе сакаш сè однапред да ти е испланирано или сакаш да бидеш спонтан? Каде би сакал наскоро да отпатуваш?
– На што особено се радуваш оваа година?
– Кои ти се трите омилени серии во моментов?
– Како најчесто ги поминуваш викендите?
– Повеќе уживаш во друштво или ти годи време поминато сам?

2. ПОГЛЕДНЕТЕ ПОДЛАБОКО – ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ НЕГОВИТЕ ВРЕДНОСТИ

Хемијата е одлична работа, но за долгорочна компатибилност се потребни слични вредности, приоритети и животни цели. Ако сакаш да испиташ подлабоко ниво на вашата потенцијална врска, следниве прашања можат да помогнат – но сепак, почекај барем до вториот состанок:

– Што најмногу цениш во една врска?
– Колку ти се важни независноста, емоционалната сигурност и довербата?
– Каква улога имаат семејството и пријателите во твојот живот?
– Како балансираш помеѓу работа и приватен живот? Имаш ли време за себе и за своите хобија?

3. ПОГЛЕД НА ПОМИНАТОТО: ШТО ГО НАУЧИЛ ОД ПРЕТХОДНИТЕ ВРСКИ

Не станува збор за љубопитност, туку за разбирање на емоционалната зрелост и искуствата на другата личност. Овие прашања се идеални кога меѓу вас веќе постои чувство на доверба и блискост:

– Дали си имал сериозна врска? Што за тебе значи „сериозна врска“?
– Колку траеше твојата најдолга врска?
– Што научи за себе од претходните врски?
– Што бараш кај партнерка?

ВОДИЧ ЗА ВИСТИНСКО ПОВРЗУВАЊЕ

Вистинските прашања можат да откријат дали постои искрена компатибилност или само моментална привлечност. Но не заборавај – одговорите се само еден дел од приказната. Она што личноста го кажува, но уште повеќе како се однесува, ќе ти открие дали е таа вистинската за тебе.

На крајот на денот, најубавите односи се раѓаат од искреност, љубопитност и волја да се запознаеме едни со други на подлабоко ниво. А сето тоа – започнува со вистинските прашања.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Експерти за љубовни врски откриваат најлоши сексуални совети што некогаш ги слушнале

„АКО НЕ СИ ЗАДОВОЛНА, САМО СЕ ПРАВИ ДЕКА Е СЕ ВО РЕД“ – СОВЕТ КОЈ ГО УНИШТУВА САМОРЕСПЕКТО…