Oва се петте земји со кои Македонија најмногу тргувала


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во периодот јануари – јули 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јули 2019 година, изнесува 228 925 873 илјади денари и бележи раст од 14.5 отсто во однос на истиот период лани. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јули 2019 година изнесува 297 259 303 илјади денари, што е за 12 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2019 година, изнесува 68 333 430 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јули 2019 година, изнесува 77 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.