Ова се петте најголеми заблуди за кондомите во кои многумина веруваат… ?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Перзервативот или кондомот е контрацептивно средство со најширока употреба.

Освен заштита од несакана бременост, голема улога има и во спречувањето на сексуално преносливи инфекции. Иако за овој облик на контрацепција веќе оддамна се знае, многумина луѓе и натаму веруваат во некои митови за овие гумени заштитници.

1. Ставањето на лубрикант на кондомот спречува да пукне

Лубрикантите на браза на масло можат да го оштетат кондомот.

2. Кондомот штити од сите полово преносливи болести

Кондомите не штитат во потполност од генитален херспес, ХПВ, сифилис и срамни уши. Перзервативот не е доволна заштита ниту кај херпесот од типот 2, односно гениталниот херпес, ниту кај херпесот од тип 1, односно оралниот херпес за кој неодамна се откри дека може да се пренесе и по работен пат. Кај ХПВ-то како и кај херпесот може да се случи личноста со години да боледува без никакви симптоми, и дека не ни знае дека е болна, но може да пренесе болест на партнерот.

3. Ако сте алергични на латекс не можете да користите кондоми

Можете да користите кондоми од полиуретан и полизорпен.

4. Кондомите е добро да ги чувате во паричникот

Држењето на едно пакетче кондом во паричникот подолго време може да го направи материјалот потенок од кој кондомот е направен и на него можат да создадат ситни дупчиња.

5. Користењето на два кондоми оддеднаш ја зголемуваат заштитата

Користењето на два кондоми оддеднаш всушност ја намалува заштитата бидеќи создава повеќе притисок и поголема е веројатноста перзервативот да пукне.