Ова се најдобрите пози во староста: За секоја животна доба, пози кои ќе ви ги олеснат здравствените тегоби


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Болка во зглобовите, коските и мускулите, која е се поголема со годините знае негативно да влијае на сексуалниот живот.

Наместо да се откажете, пробајте ги овие пози идеални за одредени години.

Триесетти години

Околу 25% од жените за време на бременоста чувствуваат болка во пределот на карлицата, а околу 8% чувствуваат болка две години по бременоста, покажа британското истражување. Резултатот на тоа е што многу жени во своите триесетти доживуваат болки кога се обидуваат да изведат одредени сексуални пози. За да се избегне болката, најдобра е доги стајл позата. Некои од жените не ја чувствуваат таа болка, но имаат чувствитеелен долен дел на стомакот, особено првите неколку месеци по породувањето.

Четриесетти години

Првата појава на ишијас кај луѓето, болка која настанува во долниот дел од грбот или колкот и се шири низ ногата, се проценува во доцните триесетти и почетокот на четриесеттите години, покажа истражувањето на Американската академија за ортопедска хирургија. Две најдобри пози за ова се положбата на лажица и доги позата, обратна каубојка и пегла. Кај обратната каубојка момчето треба да легне на грб, а жената треба да седне на него и да му го сврти грбо. Во позата пегла, лежите со стомакот надоле, колената треба лесно да ги склопите и да ги подигнете колковите, а под градите можете да ставите перница за потпора, пишува американскиот портал, „Prevention“.

Педесетти години

Во текот на овој период, благодарение на менопаузата кај жената се намалува количината на естроген чија честа последица е болниот секс, поради сувоста и тенкото вагинално ткиво. За овој период одлична е позата каде жената седи на партнерот свртена со лицето кон него и лесно се лула со движењата со што остварува пенетрација. Втората опција е жената да легне на грб со перница под колковите и бедрата, по што ќе се отвори и ќе има полесна пенетрација.

Шеесетти години

Околу третина од мажите и жените во шеесеттите страдаат од остеоартритис, хронични болести на зглобовите кои ја обележуваат дегенерацијата на зглобната’рскавица. За оваа доба се добри стоечките пози, поради кои се намалува притисокот на зглобовите и се засилуваат коските. Обидете се да застанете со грбот свртени кон партнерот, па потрпрете се на ѕид или ормар и пуштете го да влезе зад вас.