Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Првична цел кај сите кои започнуваат со вежбање е тоа да им премине во навика. Но, откако ќе го постигнат тоа, следно за што треба да размислуваат е што да конзумираат после вежбање.
Ако погледнете околу вас во теретаната сите конзумираат некакви шејкови и слично, па најверојатно се прашувате дали и вие би требало да пиете некакви шејкови.
Ако тренирате „просечно“…
Не постои пијалок кој одговара на сите. Ако тренирате просечно околу 30-тина минути дневно, водата е сосема доволна. Со умерено и вежбање со низок интензитет телото не губи важни материи, па затоа нема потреба од опоравување.
Ако сакате да станете маратонец
Ако должината на вашиот тренинг е 90 минути или повеќе, спортскиот напиток е добар избор затоа што ќе ја надохнади изгубената вода но и нутритиентите кои телото ги изгубило за време на тренингот. Вежбањето со јак интензитет кое трае од 90 до 120 минути бара надохнадување на електролитите и јаглехидрати (поради изгубената енергија).
Ако сакате да ги намалите килограмите
Доколку вежбате затоа што сакате да ги изгубите непосакуваните килограми, избегнувајте ги спортските напитоци кои се полни со калории. Изгубените нутритиенти побарајте ги во храната. Со други зборови, после тренинг јадете некој здрав оброк, затоа што најмногу течности нашето тело добива преку храната.
Ако сакате да изградите мускули
Ако вашата цел е да ја зголемите мускулната маса, напитоците кои содржат јаглехидрати и протеини ќе ја максимизираат придобивката од тренингот. Секој интезивен тренинг, а најчесто оние во кои се креваат тежини побаруваат опоравување на организмот. А тоа може да се постигне со напитоци кои содржат протеини, како на пример некое смути со овошја и јогурт. Размерот на протеини и јагрехидрати би требало да биде 1:2 или 1:3.