Ова се фаворитите за нов селектор на Шпанија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанската фудбалска репрезентација остана без селектор на само два дена пред Мундијалот, откако Јулен Лопетеги добри отказ од Федерацијата.

„Црвената фурија“ привремено ја предводеше Фернандо Јеро на Светското првенство, кое заврши неславно за Шпанците, па сега започнува кастингот за нов селектор.

Шпанските медиуми пренесуваат дека има тројца кандидати за тоа место. Претседателот на Федерацијата Рубиалес треба да избере помеѓу Мичел, Кике Санчез Флорес и Луис Енрике.

Лопетеги на два дена пред почетокот на Мундијалот потпиша за Реал Мадрид, а „црвената фурија“ беше елиминирана од Русија во осминафиналето после изведување на пенали.