Ова се дел од проблемите кои никако не би смееле да ги решавате преку СМС пораки?!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Понекогаш се чини дека е многу полесно да се испрати порака и да се решат сите несогласувања со партнерот. Меѓутоа, со смс пораките и вие и вашиот партнер може да се протолкувате погрено. Единствен правилен начин да го решите проблемот е да разговарате во четири очи, да ги смирите страстите и смирени да продолжите понатаму.

Некои работи меѓу вас, едноставно не треба да се решаваат преку смс, а еве и кои:

1. Извинувања

Доколку сте свесни за својата вина, морате да се потрудите партнерот да ви прости. Тоа нема да го постигнете со извинување преку порака. Морате да гледате длабоко во очи, да почувствувате дека навистина ви простил и да му покажете дека навистина ви е жал.

2. Доверување на тајни

Никогаш не можете да бидете сигурни кој може да ги види и прочита пораките. Ако ви е важно да му се доверите на својот партнер, кажете му го тоа во четири ѕида.

3. Бурни реакции

Ако со нешто ве изнервирал, кажете му го тоа во очи. Немојте да подигнувате тензија преку пораки, бидејќи не ја гледате неговата реакција, а ниту тој не може да зне што навистина мислите.

4. Навреди

Навредите никогаш не би требало да ги кажете на сметка на својот партнер, бидејќи кога се ќе мине, вашиот партнер би можел да биде повреден. Меѓутоа, некогаш во афект кажуваме работи кои и не ги мислиме. Пораката која сте ја испратиле не може да ја избришете, затоа некогаш контролирајте се и избројте до 10.