Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дебаклот во Париз во Лигата на шампиони по се изгледа му пресуди на Луис Енрике, па челните луѓе на Барселона тргнаа во потрага за негова замена.
Енрике и пред гостувањето во Париз имаше проблеми поради бледите и променливи игри на тимот, но поразот од 4:0 само ја прели чашата на незадоволството. Додатен проблем за Енрике претставува и фактот дека соблекувалната ја изгуби довербата во него.
Според информациите кои доаѓаат од „Камп Ноу“, Луис Енрике нема да добие отказ во текот на сезоната, но во јуни сигурно ќе го напушти клубот.
Шпанските медиуми тврдат дека голема улога во изборот на новиот тренер ќе има Лео Меси кој веќе со месеци преговара околу продолжување на договорот. Некои медиуми дури тврдат дека Аргентинецот може да го напушти клубот доколку не биде задоволен од изборот на новиот тренер.
Најгласки се шпекулациите дека нов тренер на Барселона ќе биде Жорге Сампаоли. Аргентинецот на почетокот на сезоната пристигна во Примера и прави чуда со тимот на Севиља која моментално е на трето место на табелата. Тој форсира пресинг и напаѓачки фудбал, па лесно би се вклопил во филозофијата на Барселона.
Меѓу кандидатите се уште и тренерот на Билбао, Ернесто Валверде, потоа тренерот на Тотенхем Маурисио Покетино. Големи шанси исто така му се даваат на актуелниот помошник на Енрике, Карлос Унзуе, а на листата е уште и тренерот на ПСЖ, Унаи Емери.