Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Утринскиот патнички воз со број 641 кој сообраќа на релацијата Скопје-Битола, а кој утрово тргна од железничката станица во Скопје во 6:53 според возниот ред, а кој во Битола требаше да пристигне во 10:20 часот, сè уште не е пристигнат.
Патници од возот велат дека прво чекале час и половина во Зелениково, а потоа неколку часа во Богомила.
Од железничката станица во Битола кажаа дека возот се уште не е пристигнат и немаат информации кога ќе дојди.
Во меѓувреме во 14:30 возот од Богомила тргнал кон Битола, велат патиниците кои се револтирани од долгото патување.
Попладне возот продолжи до Прилеп, а од таму патниците кои биле за Битола, биле превезени со комбе.