Ова парче облека направи триста проблеми во Америка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако американската авиокомпанија United Airlines на две девојки им забрани влез во авион бидејќи носеле на себе „претесни хеланки“, на социјалните мрежи илјадници корисници изразија револт за таквата одлука.

United Airlines во меѓувреме се огласи со соопштение во кое тврди дека девојките патувале како „гости на еден од членовите на персоналот“, па дека за нив не важеле правилата за патниците, туку правилата за „дрес код“ на авионскиот персонал и екипаж.

A post shared by @zuzanna_kozma on

Сепак, ова не е прв пат да настане проблем поради хеланките или таканаречените „панталони за јога“. Тој моден проблем и во изминатите години предизвикуваше жестоки полемики во Америка, земјата која ја сметаат за симбол на граѓанските права, пишува ВВС.

Иако можеме да се сложиме дека хеланките не се панталони, тие во суштина се поудобна варијанта на фармерките. Нивните противници, пак, истакнуваат дека се недолично парче облека кое премногу открива.

A post shared by Bianca Kmiec (@biancakmiec) on

„На девојките и жените над 20 години треба да им се забрани носење хеланки“, напиша минатата година еден жител на Род Ајленд во отворено писмо во локалните медиуми.

Стотици жени тогаш одговорија со „протест со панталони за јога“, кога излегоа на улиците од гратчето Барингтон, облечени во хеланки. Една од организаторките на протестот, Џејми Би, изјави дека проблемот во суштина никогаш и не бил во хеланките.

A post shared by Oli??????? (@oliiblondie) on

„За мене и многу други станува збор за принцип. Зошто луѓето мислат дека треба да им кажуваат на другите како да се облекуваат“, изјави таа.

Сорентино, авторот на контроверзното писмо, откри дека примал закани, а подоцна се правдаше дека писмото било замислено како сатира. Но, за жените тоа не беше шега, особено што во добар дел од светот жените уште се борат за правото да се облекуваат по желба, било да е тоа бурка или бикини, која како сака.

United Airlines во своето соопштение истакна дека за „обичните“ патници не важи правилото за хеланки, поради кое девојките биле спречени да се качат на авионот. За вработените, нивните роднини и пријатели кои патуваат по пониска, привилегирана цена, сепак, тоа правило важи, а забраната се однесува за облека од ликра, панталони и горни алишта кои тесно се припиени за телото.

Стјуардесата Хедер Пул на Твитер напиша дека авиокомпаниите имаат правила за членовите на персоналот кои бесплатно патуваат бидејќи тие ја претставуваат компанијата.

„Има дрес код и за мажите. Не смееме да бидеме во премногу опуштено модно издание, а кратки панталони не доаѓаат во предвид“, напиша таа.

Неколку американски училишта, исто така, предизвикаа контроверзии со своите правила за хеланки. Школото Лејквуд во Охајо минатата година ги прошири правилата после тужбите од поединци од родителите дека учениците доаѓаат на училиште во претерано сексуална облека.Првин забранија тесни фармерки и хеланки, но правилата во меѓувреме беа ублажени, па ученичките смееја да одат по хеланки на школо ако маицата им е доволно долга за да им го покрива задникот.

A post shared by Oli??????? (@oliiblondie) on

Слична забрана беше воведена и за маиците со качулки, но на крајот тие беа дозволени под услов учениците да не ја носат качулката врз главата. Здолништата, пак, не смеат да бидат над колена.

Студентите од универзитетот во Масачусетс во 2015 година планираа голем протест откако упревниот одбор одлучи да ги забрани хеланките, ако врз нив не се носи некоја облека која го покрива задникот. Деканот Роберт Санборн изјави дека со тие правила сакале да ги подготват студентите за деловниот свет кој ги чека после студиите.

Универзитетот не се откажа од забраната и покрај незадоволството кај студентите. Компанијата Lululemon во 2013 година мораше да ги повлечи своите хеланки од пазарот бидејќи беа премногу провидни. Како тоа да не беше доволно одвратно, основачот на компанијата, Чип Вилсон, изјави дка хеланките ионака не се за сите жени.