Ова откритие ги збуни научниците и направи пресвртница во разбирањето на геологијата на Марс


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Истражувачите на Црвената планета во 2018 година објавија откритие кое засекогаш ја смени нашата перцепција за правливиот и пустинолик Марс. Радарите откриле дека веднаш под неговата површина се крие светла „дамка“, што укажува на постоење на подземен резервоар со проточна вода.

По спроведените анализи, експертите откриле повеќе такви сјајни точки и откриле дека цела мрежа на подземни езера се крие под сувата површина на црвената планета.

Иако на Марс може да се најде замрзната вода, научниците досега не нашле капка течност на планетата, па затоа можноста за постоење на подземни резервоари е главна пресвртна точка во разбирањето на геологијата на црвената планета.

Има само еден проблем. Според новото истражување, кое исто така открило десетици повеќе вакви сјајни дамки, некои од нив се наоѓаат во региони кои се премногу ладни за проточна вода, дури и за соленица (саламура) која има пониска точка на замрзнување од свежата вода.

„Засега, не сме сигурни дали овие сигнали покажуваат области на проточна вода или не, но сигурно овие светли точки се позастапени отколку што првично се сметаше. Или проточната вода е честа појава под јужниот пол на Марс или овие сигнали укажуваат на нешто сосема друго “, рече планетарниот научник Џефри Плаут од Институтот за лабораториски погони на НАСА.

Првото вакво место било забележано на Јужниот пол на Марс од страна на Марс Експрес, користејќи го својот радар „Mars Advanced Radar for Subsurface“ и „Ionosphere Sounding“ (MARSIS). По понатамошна анализа на архивираните податоци, откриени се уште три такви карактеристики слични на езерото.

„Некои видови материјали подобро ги рефлектираат радарските сигнали од другите, вклучително и проточна вода“, изјавил за Science Alert минатата година планетарниот научник Грациела Капарели од Универзитетот во Јужен Квинсленд во Австралија.

„Затоа, ако сигналите што доаѓаат од под земја се посилни од оние што отскокнуваат од површината, тогаш можеме да претпоставиме дека тоа е проточна вода“, додава таа.

Плаунот и планетарниот научник Адитија Хулер од Универзитетот во Аризона ја прошириле претходната потрага по светли точки. Тие мапирале 44.000 мерења од 15-годишните податоци на МАРСИС за да го опфатат целиот јужен пол на Марс.

Тие пронашле десетици многу рефлектирачки области. Но, некои од нив се наоѓале на една милја под површината, каде што се на околу -63 степени Целзиусови.

Претходните истражувања покажале дека водата полна со калциум и магнезиум може да остане во течна состојба долго време и на -123 Целзиусови степени. Познато е дека Марс е богат со такви соли, како и натриум. Но, студија од 2019 година покажал дека нема толкава количина сол за топење на мразот на основата на наслагите на јужниот пол на Марс.

Затоа експертите заклучиле дека треба да има некаква форма на геолошко затоплување за растворање, можеби во форма на геотермална активност или вулкани. Сепак, иако има докази за вулканска активност на Марс, таа е откриена надвор од областа на полот.

„Една можност за добивање на оваа количина на топлина се вулкани. Но, не видовме силни докази за неодамнешна вулканска активност на Јужниот пол. И се чини малку веројатно дека вулканската активност во една област ќе овозможи постоење на подземни води на целата планета“, рече Кулер.

Па, што се тогаш овие сјајни дамки? Научниците сè уште не се сигурни. Ако понатамошните истражувања покажат дека тоа е дефинитивно проточна вода, тогаш ќе биде потребно да се разбере принципот според кој овој мраз се стопил и се претворил во подземно езеро.

Истражувањето е објавено во списанието Geophysical Research Letters.