Ова никој не го очекуваше – Барселона веќе има нов тренер!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Луис Енрике заминува на крајот на сезоната, па главното прашање веќе подолго време во медиумите е кој ќе биде новиот тренер на Барселона следната сезона.

Изминатите месеци медиумите лецитираа со многу имиња како можни кандидати, но се чини дека сега е веќе донесена конечната одлука околу новиот кормилар на Каталонците.

Медиумите тврдат дека се е договорено и дека Барселона го чека крајот на сезоната за да го потврди наследникот на Луис Енрике.

Тоа би требало да биде Ернесто Валверде, 53-годишниот стратег кој моментално го води Атлетик Билбао. Тој како играч има настапувано за Барселона, а тренерската работа ја започна во Атлетик, а потоа работеше во Еспањол, Олимпијакос, Виљареал и Валенсија, а во 2013 година повторно се врати во Билбао.

Каталонсите медиуми тврдат дека главен кандидат на раководството бил актуелниот помошник на Енрике, Карлос Унзуе, но поради расправијата која ја имал со Нејмар клубот се одлучил да го ангажира Валверде.