Ова не смеете да го правите доколку водите љубов со ПОКРУПНА ДЕВОЈКА


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бидете внимателни со нејзиниот вишок на килограми.

Пред четири години, младата Американка, Џесика Салгадо на вечерата на поезијата оддржа интересен говор кој и денес е своевиден водич низ водењето љубов со жените со вишок на килограми.

Сега решивме да се потсетиме на овој интересен говор и да ги извлечеме најважните совети кои можат да бидат од корист.

„Како да не водите љубов со подебела девојка“, е насловот на овој контроверзен, но многу искрен говор, напишан токму од аголот на девојка со повеќе килограми.

„Нашите тела е склони на јазици и тешко дишење. Тоа, душо… Не, престани. Те молам немој да го милуваш мојот стомак“, го започнува својот говор со кој привлече внимание кај јавноста, а со него укажува на несигурноста кај крупните жени.

„Милувањето на женскиот стомак како магична лампа 15 минути нема да ја направи успешна предиграта“, вели Џесика Салгадо и додава:

„Иако сакаш да ми покажеш колку ти се допаѓам и ме сакаш цела, те молам направи го тоа на некој друг начин и биди креативен“.

Сексот со нов партнер е секогаш помалку напнат, особено кога се во прашање жените со вишок килограми. Освен тактичките грешки, Салгадо вели дека се јавуваат многу сомнежи и несигурности кои можат да го уништат доживувањето.

„Да се давате себеси на некоја друга личност е еден од најголемите чинови, како да не ми е доволно тешко што сум дебела додека го преиспитувам секој дел од своето грдо тело, сакам да ми покажете дека ме сакате цела. Секогаш се плашам дека ќе бидам само нечиј фетиш“, вели таа и додава дека поради мааните на своето тело повеќе се грижи таа отколку што тоа го прави партнерот со кој води љубов.

Поради тоа крупните жени не уживаат во секој момент од сексот, но тоа не значи дека немаат доволно самодоверба, можеби само е потребно малку да се прилагоди начинот на водење љубов за да се чувствуваат пријатно, и истото да им го овозможат потоа и на мажите.