Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Некои се скандалозни, некои навредливи, а сите успеаја да кренат доволно медиумска прашина со својата содржина.
Модната индустрија на своите рекламни постери и камапањи секогаш се обидува да ги помести границите, а понекогаш во тој обид оди и предалеку и тогаш во акција се впуштаат душегрижниците и цензорите.
Независно дали станува збор за секс, насилство или социјални коментари, овие реклами успеаја да ја шокираат публиката, независно дали се конзервативни или либерални во своите сфаќања. Но, шокот има краткотраен ефект и иако можеби не станува збор за најдобриот начин производот да го пласирате на пазарот, го добивате она кое го посакувате – вниманието на јавноста.
Еве неколку контроверзни модни кампањи на кои им успеа истовремено и да вознемират и да иницираат расправа.
Александар Ванг – Denim
Освен ако не сте од некоја душегрижничка или цензорска организација или здружение, тешко дека ќе најдете нешто што сериозно би ве погодило „меѓу нозете“. Но, провокацијата успеа, а дизајнерот Александар Ванг, со помош на фотографот Стивен Клејн и моделот Ен Јуерс успеаја да ги разбрануваат духовите.
„Не е провокативно само во поглед на сексуалноста. Провокативно е со цел да иницира дебата. Пораката не ја диктирам. Интересен момент е како луѓето сами ќе го интерпретираат тоа и што ќе кажат за истото. Секако, секогаш ќе има такви кои нема да се согласат со тоа“, изјави Ванг во 2014 за WWD.
Fashion Junkie
Sisley низ годините има направено низа провокативни кампањи, но главно стануваше збор за секс. Меѓутоа, италијанскиот бренд со својата кампања во 2007 година тргна во малку поразличен правец и некои во истата видоа проблематична порака. Тие се зависници од мода, а ова е, оригинален начин да го покажат тоа.
Supreme – Тери Ричардсон и Ванеса Висли
Кога ќе видите дека нешто се граничи со порнографија, можете да бидете прилично сигурни дека зад сето тоа стои стариот лисец и перверзник Тери Ричардсон. И ова дело потекнува од неговите раце. Ванеса Висли беше дел од речиси порно кампањата за Supreme, а фотките се појавија во нивната книга Supreme Book, Vol.6.
Diesel – Foursome
Некои во ова видоа мултитаскинг, а други најобичен сексизам. Што и да сакаа да истакнат, рекламата на Diesel од 2007 ги разлути феминистичките групи и здруженија кои иницираа и протести за да се забрани овој рекламен „одвратен шовинизам“.
Pubic Enemy
Том Форд и Марио Тестино одлучија малку да си поиграат со „фрузурата“ од моделот во кампањата за Gucci од 2003 година. Името Pubic Enemy не е нешто посебно оригинално и креативно, но самата помисла на срамни влакна на рекламните плакати за некого беше премногу. Нормално, јавноста кампањата ја нарече злобна, вулгарна и понижувачка за жените.
New Form – промени го стилот, не следи го лидерот
Тешко е да е потсетите на поедноставен начин да предизвикате шок кај јавноста од користењето на нацистички симболи. Оттука, не е нималку чудно што италијанската марка New Form, користејќи го ликот на Адолф Хитлер, предизвика бура од реакции во 2010 година. Големите плакати предизвикаа толку негативни реакции, што се огласија и политичарите кои утврдија дека користењето на ликот од човекот кој ги извршил најголемите злосторства во историјата е навреда не само за граѓаните, туку и за целата земја.
Tom Ford – за мажи
Цицки? Малку порно? Погодувате, тоа може да биде само Тери Ричардсон. Во 2007 година тој одлучи на овој начин да го промовира првиот парфем на Tom Ford. Изборот беше што друго ако не секс. Рекламата беше забранета во неколку земји. Но, важно е да се напомене дека постоеше и втора верзија, а од компанијата објаснија: „Ги сакавме првите фотографи со Мерилин Минтер, но на снимањето со Ричардсон во Милано одлучивме дека овој поостар, посликовит пристап подобро ќе ја пренесе храбрата и провокативна порака на парфемот“.
D&G и силување
Dolce & Gabbana одлучија да одат до крај, а фотографиите со за тлото прикованата Алесандра Амбросио опкружена со еден куп голи мажи предизвикаа масовен шок. Рекламите беа забранети во Шпанија, а женските здруженија рекламата ја нарекоа неопишливо навредлива, која поттикнува на групно силување и насилство врз жените.
Мода и пиштоли
Можеби изгледа како сцена од некој забеган филм, но станува збор за кампања од британската компанија FLY53 од 2010 година. Многу публикации одбија да ја објават рекламата поради реакциите од агенцијата ASA во чие соопштение стои: „Сметаме дека оваа реклама прикажува оружје и насилство и многумина тоа би можеле да го доживеат како одобрување на насилство во реалноста“.
Тие навистина сакаат хеланки
Американски Apparel носењето на нивните хеланки го смета за речиси оргазмично искуство. Тоа го покажаа и во својата реклама кои некои ја нарекоа чист шовинизам, за други беше невкус, а трети веројатно не ни сфатија дека станува збор за реклама. Кратко кажано, снимаа жена како доживува оргазам и одлучија со тоа да рекламираат хеланки.