Home Спорт Ова не им успеало ниту на Кристиано и Меси: Подобар од Мбапе е само „стариот“ Роналдо

Ова не им успеало ниту на Кристиано и Меси: Подобар од Мбапе е само „стариот“ Роналдо

Напаѓачот на ПСЖ и прва ѕвезда на овој тим Килијан Мбапе во неделата против Монако одигра уште еден фантастичен натпревар во рамките од француското првенство, пишува Спортски.мк.

Фантастичниот Мбапе во победата од 3:1 на својот тим учествуваше така што ги постигна сите три гола и со тоа сруши два рекорди.

Како што е познато Мбапе стане првиот фудбалер во Лига 1 кој постигнал 30 голови во Лига 1 после Жан-Пјер Папен, а со самото тоа стана најмлад на кого му успеало такво нешто.

Освен тоа, Мбапе сруши уште еден рекорд кој само потврдува дека тој во кариерата влезе подобро од Кристиано Роналдо и Лео Меси. Имено, тој стана првиот фудбалер од сезоната 1996/1997 во топ пет првенства кој е помлад од 21 година и постигнал 30 голови кога домашното првенство во прашање.

Пред него тоа му успеало само на легендарниот Бразилец, Роналдо кој во сезоната 1996/1997 како играч на Барселона постигна 25 голови во шпанската Ла Лига.

Ќе потсетиме и дека Мбапе во натпреварот против Монако при постигнувањето на првиот гол трчаше со најголема брзина која ја достигнал еден фудбалер, 40 km/h што е побрзо и од просечната брзина на Јамајканецот, Усаин Болт.

За споредба, „Марка“ неодамна ја истражуваше брзината на сите фудбалери кои настапувале за Барселона и најбрз беше Нејмар со 34 km/h, додека најголемата измерена брзина ја имаше Арјен Робен од Баерн со 37 km/h на еден натпревар од Светското првенство.

Извор: Спортски.мк

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…