Home Живот и здравје Ова може да ве чини здравје: Во преголема страст се прават најчесто овие четири грешки

Ова може да ве чини здравје: Во преголема страст се прават најчесто овие четири грешки

Во текот на сексот насочени сме на уживањето и забавата, но мораме да знаеме и што уште може да уништи фантастичниот секс.

Да се потцени ризикот од полови преносливи инфекции

Да се праша партнерот дали се тестирал на полови инфекции не е доволно да се заштитите од можна зараза. Дали се тестирал тој или не, секогаш преферирајте заштитен секс.

Да се користи истовремено лубрикант на база на масло и кондом од латекс

Користете перзерватив направен од латекс, немојте да користите лубрикант на база на масло, дури и да станува збор за маслиново или кокосово, бидејќи маслото ќе го оштети латексот и кондомот ќе го загуби дејството. Покрај перзервативот, најдобро е да се користи лубрикант на база на вода и силикон.

Да се брза за партнерот да доживее оргазам

Преголемото фокусирање на доживување на оргазам може да биде штетно бидејќи ќе создаде напнатост меѓу партнерите. Понекогаш до оргазам нема да дојде и тоа е во ред. Ако тоа се случи, најдобар начин тоа да го промените е самостимулацијата да стане заедничка активност. На пример, можете да се бакнувате или да гледате додека партнерот се допира. Кога ќе прифатите дека пенетрацијата не е нужна за оргазам, доста повеќе ќе уживате во креветот.

Правите работи кои се премногу за вас

Испробувањето на нови работи во сексот е за пофалба, но немојте да претерувате. Ако се впуштите во егзибиционистички пози кои се премногу за вас, може да дојде до повреда и тоа во пределот на интимната зона. За да го избегнете тоа, новите пози пробувајте ги опуштено и полека.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Зошто жените чувствуваат болка во градите за време на менструација

Зошто жените чувствуваат болка во градите за време на менструација Болка во градите е симп…