Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Реал Мадрид синоќа го еломинираше Наполи со вкупни 6:2 и се пласираше во четвртфиналето од ЛШ, но „кралевите“ се намачија повеќе од колку што покажува резултатот.
Наполи синоќа одигра одличен натпревар, поведе со 1:0, имаше неколку шанси да ја дуплира предноста, гостите во првото полувреме делуваа загубен, но за жал на Наполиталнците Зидан во своите редови има монструм наречен Серхио Рамос.
Капитенот после кој знае кој пат го спаси Реал и за само 12 минути направи комплетен пресврт со два гола, по што Наполи се предаде.
„Ова беше мојот стотти натпревар во ЛШ и сонував да дадам гол и да му помогнам на тимот во тешките моменти. Пред само една недела бевме во тешка ситуација и тогаш ме ’убивавте’, за се бев јас виновен, а сега сум добар“, изјави капитеот на Реал.
Серхио Рамос повторно беше херојот на Реал Мадрид. Во финалето на ЛШ во Лисабон пред две години постигна гола во 93-та минута за продолжение, неговиот тим тогаш го освои трофејот. Против Атлетико постигна гол и минатата година во финалето од ЛШ. Пред неколку месеци и даде гол на Барса во 90-та минута за 1:1, а гол вреден три бода постигна и седум дена подоцна, исто така во судиското продолжение против Депортиво.
Рамос професионалната кариера ја започна во Севиља во 2003 година и после две години премина во Реал Мадрид за 27 милиони евра, што во тоа време го чинеше најскап дефанзивец на светот. Во изминатите 13 години Рамос стана главен играч на „кралевите“ со повеќе од 500 настапи во сите натпреварувања и точно 100 во Лигата на шампиони.
Неговата способност за давање голови во пресудни моменти неверојатно се разви во последните години, па капитенот на Реал е најдобриот голгетер меѓу дефанзивците. Можеби имаше дефанзивци кои во текот на кариерата даваа голови повеќе од Рамос, како Роналд Куман, Фернандо Јеро или Роберто Карлос, но никој од нив не даваше толку важни голови како него.
DATOS | Andrés Iniesta (FC Barcelona) – Sergio Ramos (Real Madrid). pic.twitter.com/q1hZsMTldH
— Fútbol a la Carta (@Futbolalacarta2) March 8, 2017
Од митското финале во Лисабон в 2014 година, кога Рамос погоди во судиското продолжение, па се до денес тој постигна точно 21 гол. Меѓутоа, инетерсен е податокот дека од тие 21 дури 18 ги постигна кога Реал или губеше или беше во егал.
Рамос, херојот на „кралевите“ вкупно во кариерата има постигнато 82 гола, но е специјалист за голови кои носат победа во самата завршница или во драматични околности. Ете, таков играч е Серхио Рамос.
Of Sergio Ramos' 21 goals since the 2014 Champions League final, 18 have come when Real Madrid are losing or tied. pic.twitter.com/icsRBXEhrj
— ESPN FC (@ESPNFC) March 7, 2017